Гордост наша се вработените и учениците кои знаат дека секоја капка крв е драгоцена и може да спаси живот.
Денес на 17.10.2023 нашето училиште во соработка со Црвен Крст на РСМ – ОО Кисела Вода и Институт за трансфузиона медицина организираше крводарителна акција со цел да што повеќе млади се мотивираат и запознаат со процесот на дарување на крв и да станат општествено одговорни личности.
Дарувањето ни ја покажува хуманата страна на секоја индивидуа. Па затоа , ајде да спасиме нечии живот !