Вонредни ученици

За упис на година (трет, четврти и петти степен) вонредно школување – 5 000,00 денари.

За испити:

  • Предмет со писмена работа – 900,00 денари;
  • предмет што се полага усно – 800,00 денари.

За полагање на завршен испит и училишна матура:

  • Писмена работа по македонски јазик и литература – 1 500,00 денари;
  • Одбрана на проектна задача – 2 000,00 денари;
  • Изборен интерен предмет – 1 500,00 денари.

Сите уплати во врска со вонредното школување на учениците се вршат на сметката на училиштето на образец ПП50.

Назив и седиште на примач: СУГС Владо Тасевски” – Скопје;

Трансакциска сметка: 100000000063095;

Сметка на буџетски корисник – единка корисник: 7850111088 787 10;

Приходна шифра и програма:

  • 723012 N2 – Уплата за година;
  • 723013 N2 – Уплата за испит.
Уплатница - Документ
Уплата за година
Уплатница - Документ 2
Уплата за изпит

    

Преземете пријава

Бројот на испитни сесии во една година изнесува 9, односно вонредните ученици полагаат претходно пријавени испити во месеците август, октомври, ноември, декември, февруари, март, април, мај и јуни.

ИСПИТИТЕ СЕ ПРИЈАВУВААТ НАЈДОЦНА ДО 10 ДЕН ВО МЕСЕЦОТ КОГА ИМА СЕСИЈА, или по претходно известување до денот наведен во известувањето.  

Информациите околу датумот на започнување на секоја сесија и рокот за пријавување на испитите, учениците можат да ги најдат на огласната табла на училиштето или на веб страницата на училиштето www.sugsvladotasevski.edu.mk.

Секој вонреден ученик може да полага најмногу три испити во една испитна сесија.

Пријавите за испитите се подигнуваат и поднесуваат во училиштето (сметководство), а ученикот е должен со пријавата која е уредно и целосно пополнета, да приложи и соодветна уплатница за секој испит во износи погоре наведени. Пријавите кои се несоодветни и непотполнети ке бидат одбиени.

Секој ученик кој се здобил со право за вонредно школување, односно одлука за вонредно школување, е должен првата уплата за година да ја уплати во рок од 30 дена од датумот на одлуката за вонредно школување. Доколку тоа не го стори во тој рок уплатата која евентуално ќе се изврши ќе се смета за валидна од денот на одлуката за вонредно школување.

Датумот на почеток на испитите во една испитна сесија е по правило на крајот на месецот. Информации околу испитните комисии за пријавените испити се истакнуваат најдоцна една недела пред датумот на започнување на сесијата и тоа на огласната табла на училиштето и www.sugsvladotasevski.edu.mk. Во овој период учениците можат (пожелно е) да се консултираат со професорот назначен за претседател на испитната комисија. На овие консултации можат да добијат информации за точниот ден, час и начин на одржување на испитот, насоки околу полесно совладување на материјалот  и т.н.

За резултати од испитите учениците можат да се информираат кај претседателите на комисиите назанчени за испитот или кај одговорниот наставник за вонредно школување, но најрано седум дена по завршувањето на испитот.

Стручна литература и учебници  по предметите секој ученик може да ги позајми од библиотеката во училиштето.

Приемен ден за вонредните ученици за учебната 2022/2023 е секој четврток од 07:30 час. до 10:30 час., во училишната библиотека, каде се наоѓа канцеларијата на одговорниот наставник за вонредно школување. Овде вонредните ученици можат да добијат дополнителни информации околу вонредното школување.

По завршување на школувањето , сите документи (свидетелства, диплома и т.н.) ученикот ги подигнува од одговорниот наставник за вонредно школување. Ученик не може да подигне документи додека не ги заврши сите пропишани обврски спрема училиштето.

Учениците од четврта година во месец декември пријавуваат државна матура или завршен испит кај секретар на училишна матурска комисија. Уплатници на соодветен износ се уплаќаат според погоре наведениот ценовник.

Предавање на проектни задачи е во текот на месец февруари,а од 15 март до 24 април е одбрана на проектните  задачи . Во месец јуни се полагаат на екстерни и интерни предмети согласно календар за огранизација на работа на средни училишта (огласна табла на училиштето).

Оние што не положиле завршен испит или државна матура во јуни имаат можност тоа да го сторат во август во термини пропишани со календарот за организација на работа на средни училишта.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТУРА

Исто така видете и: Уписи, Струки, Наставен кадар, Стручна служба, Матура

Scroll to Top