Директор и управни органи

За директор

  Александар Сибиновски  е роден на 23.12.1984 година во Тетово, Р.М.

  Своето средно образование го завршил во ДСУ „Кочо Рацин“ – Скопје во 2003 година, а во 2009 година ги завршил своите студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, на факултет за физичка култура во Скопје и се здобил со стручен назив дипломиран професор по физичка култура. Како љубител на спортот, се докажал во повеќе спортови, но најмногу се истакнал во пливање и скијање и станал лиценциран инструктор за тие спортови. Својата кариера како наставник по спорт ја започнува од 2012 година во СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, каде ја извршува својата работа совесно и одговорно и тоа како кон учениците, така и кон своите колеги и претпоставени.

  Преку посетувања на разни обуки, семинари, учества на проекти и презентации се стекнува со одлични комуникациски вештини и организациски способности и во септември 2018 година е назначен за вршител на должноста Директор на училиштето се до февруари 2019 година, кога е назначен за Директор на СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје. На 23 февруари 2023 го добива и вториот мандат.  Во рамките на своите овластувања одлично менаџира и раководи со воспитно – образовниот процес во училиштето, се со цел на учениците да им овозможи да се стекнат со солидни знаења од оние области кои ги избрале да ги изучуваат и на тој начин да ги подготви да го трасираат патот по кој ќе чекорат и непречено ќе ја креираат својата иднина.

  Александар Сибиновски е оженет и татко, кој ги почитува и се залага за семејните вредности на луѓето.

Управни органи

Директор

  Директорот како раководен орган на училиштето одговорен е за законитоста во работењето во него, се грижи за положбата на вработените, ја организира и раководи воспитно-образовната работа, носи самостојни одлуки и го застапува училиштето пред други лица или институции. Тој има важна улога во креирањето на воспитно-образовните задачи и развојната политика на училиштето. Ги има следниве права, должности и обврски:
  • ја предлага Годишната програма за работа на училиштето и презема мерки за нејзино спроведување
  • ги извршува одлуките на Училишниот одбор
  • врши избор на наставници, стручни соработници и одлучува за нивно распоредување
  • врши оценување на резултатите од работата на наставниците, стручните соработници и работниците
  • одлучува за престанок на работниот однос на вработените
  • поднесува извештај за успехот и постигнатите резултати во воспитно-образовната работа до Град Скопје и БРО
  • поднесува извештај за реализација на Годишната програма до МОН
  • поднесува извештај за материјалното работење на училиштето до Училишниот одбор.
  Во програмата за работа на Директорот содржани се главните подрачја во кои се реализира неговата работа. Тие се:
  • педагошко-инструктивна работа
  • административно-организаторска работа
  • аналитичко-истражувачка работа
  • финансиско работење
  • соработка и застапување на училиштето
  • педагошка документација и администрација
  • работа со Училишната заедница.
  Директор во учебната 2022/2023 година е Александар Сибиновски.

Помошници - директори и раководител на настава

  Во Годишната програма за работа на училиштето, помошниците-директори и раководителот на настава во албанските паралелки учествуваат во реализацијата на истата на следниов начин:

  • му помагаат на Директорот во раководењето со училиштето
  • учествуваат во реализацијата на организациската структура во наставата и даваат предлози за нејзино подобрување
  • учествуваат во работата на Наставничкиот совет и сите други органи во училиштето
  • ја следат работата на наставниците и другите вработени
  • градат атмосфера на колективност, доверба и почитување
  • даваат предлог-мерки за отстранување на одредени недостатоци, подобрување на работната дисциплина, стимулирање на квалитетот и сл.
  • водат кратки записници за увид на Директорот
  • учествуваат во изработката на Годишната програма за работа на училиштето
  • учествуваат во изработката на Годишниот извештај за работата на училиштето
  • соработуваат со класните раководители
  • одржуваат настава по својот предмет со половина работно време.

  Помошници-директори во учебната 2022/2023 година се Дејан Крстевски и Соња Павлова, а раководители на наставата се Марија Стамболиева и Катерина Малова-Младеновска, а во паралелките на албански наставен јазик е Арбен Идризи и Бунјамин Алими.

Административна служба

  • Секретар Светлана Анева
  • Благајник – архивар Лидија Атанасовска

Совет на родители

  Советот на родители е конституиран на 19.12.1995 година. Него го сочинуваат претставници на родителите кои не се вработени во училиштето. Советот на родители ја следи воспитно-образовната работа и дава мислење за нејзиното остварување според соодветна програма за работа. Бројот на членовите, нивниот начин на избор, нивната работа и целокупната организација се утврдени со Статутот на училиштето. 

Стручни органи и тела

  • Наставнички совет
  • Совет на година
  • Совет на паралелка
  • Стручни соработници
  • Стручни активи
  • Раководител на паралелка
  • Комисии
Scroll to Top