Дуално образование во сообраќајна струка

Предностите во дуалниот модел на образование во нашето училиште?
Дуален модел на образование е двоен пристап на стекнување на знаења во училишната средина и стекнување практични вештини и компентенции на реално работно место.
Дуалното образование овозможува средношколците да се насочат кон професии кои што се барани од компаниите/работодавачите со што на тој начин ќе се обезбеди потребен кадар на истите компании. Во последниве години се повеќе и повеќе се работи на промоција на дуалното образование.
Во нашето училиште СУГС „Владо Тасевски‘‘ – Скопје постои паралелка од струка/сектор Сообраќајна/Сообраќај, транспорт и складирање, образовен профил/квалификација Техничар за железнички сообраќај со модуларно дизајнирана наставна програма . За да го продлабочат знаењето нашето училиште има склучено Меморандум за соработка со Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.
Ова партнерство има за цел да се стимулира и да се промовира дуалното стручно образование, да се придонесе кон намалување на недостатокот на квалификувана работна сила и кон организирање на транспорт, вмрежување и доверба.
Двете страни преку соработка ги имплементираат следниве активности:
– Размена на искуства и информации;
– Развивање на наставните програми базирани на моделот на дуалното стручно образование;
– Обезбедување потребни предуслови за реализирање на наставните програми од дуалните образовни профили;
Нашите ученици заедно со наставниот кадар од сообраќајна струка од училиштето, наставникот Драгиша Секулоски и менторот назначен од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ Саше Антевски
развиваат вештини преку предметот Учење преку работа кај работодавач. Еден ден во неделата е наменет за предметот Учење преку работа кај работодавач. На овој начин на учениците им се овозможува да се едуцираат и истовремено да се стекнат со работни навики. Во склоп на учењето преку работа од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ на учениците им беше спроведена обука за безбедност и здравје при работа, каде што секој ученик доби специјални обувки, шлем и флуоресцентен елек.
Клуч за успехот претставува соработката која што се остварува дуално и носи добри резултати, истовремено претставувајќи голем мотив за учениците.

Scroll to Top