Секој вонреден ученик кој во 2024 година ќе полага завршен испит или државна матура истите
мора да ги пријави.
Пријавувањето се врши на образец за пријавување каде што се пополнуваат потребните
информации во зависност од тоа што се пријавува, државна матура или завршен испит.
Пријавувањето на испитите од стручниот премет (пакети), македонски јазик и литература и
проектна задача се врши со уплата на 5000 денари на сметката на училиштето до 31.12.2023
година
Пријавувањето на проектните задачи (име на проектната задача и предметен професор) мора да
се изврши до 15 декември 2023 година кај професорката Кристина Илијоска.
Потоа, доставувањето и заверувањето на проекните задачи се прави во сметководство најдоцна
до 10.03.2024г каде се носат 4 идентични примероци, а одбраната на истите е од 11 март до 15
мај 2024 година.
Учениците кои нема да се пријават во дадените рокови го губат правото на полагање на завршен
испит и државна матура во јунскиот испитен рок.
Секретар на Училишна матурска комисија – Кристина Илијоска