Пет ученика и еден наставник од електротехничка и машинска струка од СУГС „Владо Тасевски“, Скопје имаа можност да патуваат на практична работа во компании во Повоа де Варзим, Португалија во период од 21.09.2021 до 05.10.2022. Наставникот Цветанка Ристиќ и учениците Теодор Јовановски, Борче Јованов, Леонид Атанасовски, Мелиса Садиковиќ и Наталиа Аргировска, беа учесници на мобилноста во Португалија. Можноста на младите за патувањето им го овозможи Erasmus+ програмата во соработка со РЦСОО „Моша Пијаде“- Тетово, СУГС „Михајло Пупин“- Скопје, ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово, СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка и координаторот ИЗР – Тетово, односно ЕРАЗМУС + акција КА102 – мобилност на ученици и наставници/кадар во стручно образование и обука 2020 – 2021. Домаќин во Португалија беше „WE ARE“ Lda – Povoa de Varzim, Portugal
Компаниите во кои учениците секојдневно ја извршуваа практичната работа беа: FRICON која се занимава со изработка на делови за ладилници (PLC), FURTADO која се занимава со електрична инсталација и Espotrónica чија дејности се технички поправки, сервис за хардвер и софтвер.
Како едни од придобивките од патувањето во Португалија, за учениците беше меѓународното искуство, развивањето на вештини, знаење и капацитети, подготовка за конкурентноста на пазарот на трудот, подобрување на јазичните компетенции и друго. Исто така учениците имаа и културни активности во Португалија и тоа посета на градовите Лисабон, Порто и Повоа де Варзим и нивните културно-историски знаменитости. На следните слики се прикажани компаниите каде што работеа учениците и нашето патување во Португалија.