Нашето училиште домаќин на конференција на тема “Промоција на кампањата за подигање на јавната свест за безбедноста на патните премини” на која наши гости беа Министерот за внатрешни работи, Министерот за транспорт и врски, Директорот на Transport community и директорот на македонски железници-инфраструктура.
Нашите ученици и колегите имаа можност да проследат интересни излагања за тоа како да се подобри безбедноста во сообраќајот.