Одбележување на патрониот празник на училиштето

Денес навршуваат 64 години од почетоците на СУГС “Владо Тасевски”.
Нека ни е честит патронатот!
На денешен ден во 1916 е роден Владо Тасевски, а нашето училиште гордо го носи името на овој Партизан и истакнат борец за слободата на својот народ на кому му ја посветил сета своја младост. Токму затоа и ние овој ден му го посветуваме нему, но и на самите себе, нашите драги ученици и нашето сакано училиште- нашиот втор дом. Во таа чест денес сите заедно организиравме повеќе активности како: натпревар по шах, уредување на неколку паноа и катчиња, предавање за безбедност во сообраќајот, крводарителска акција, симулација на гаснење на пожар, уметнички перформанс, спортски натпревари, трибина на тема “Унапредување на менталното здравје” и секако, традиционалното положување на цвеќе на бистата на Владо Тасевски во нашиот училишен двор.
Уште многу години да го славиме овој ден!
Scroll to Top