Градот Скопје одржа панел дискусија ARTech „Креативност без граници” во нашето училиште.
– Даниела Арсовска: “Уметничката креација во дигиталните технологии беше главната тема на панел дискусијата ARTech „Креативност без граници”, како и на Саемот за креативни индустрии за млади, што се одржаа во средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“. Реномирани експерти и професори од скопските средни училишта пред учениците ги споделија своите знаења од областа на графичкиот дизајн, иновациите и дигиталниот маркетинг, а средношколците ги претставија своите креативни изуми.
Креативните индустрии се дел од исклучително перспективна сфера која нуди широк простор за демонстрација на стекнатите вештини. Поврзувањето на уметноста со технологијата и визуелните уметности, стануваат се поинтересни и попривлечни како професионална определба за младите луѓе, а Градот Скопје ја поттикнува нивната креативност и го стимулира нивниот интерес за новите технологии што ќе им помогнат полесно и побрзо да се вклучат на пазарот на труд.
За Градот Скопје со прогласувањето за Европска престолнина на културата 2028 е важно пред младите креативци во разни области да им овозможи да творат и да ги претстават своите креации и иновации пред Европа и светот. На панел дискусиите беа разменети искуства за поврзаноста на уметноста со технологијата, за графичкиот дизајн и современата уметност, за тоа каков е патот од креативноста до иновацијата, за практичната употреба на технологијата во уметноста и дигиталниот маркетинг. На Саемот за креативните индустрии за млади, со свои инсталации и изуми се претставија наградени средношколци, кои во своите иновации ги спојуваат уметноста и технологијата.”