Посета на ,,Раде Кончар’’ -сервис

Денес беше направена едукативна посета во рамките на часовите Учење преку работа кај работодавач заедно со ученици од класот 4-5.
Посетата беше реализирана со предметниот наставник Дејан Антоновски. Домаќин на оваа посета беше фирмата ,,Раде Кончар’’ сервис кој е еден од многуте партнери на нашето училиште.
“Раде Кончар” сервис несебично ги отвори вратите за нашите ученици и покрај своите тековни обврски. Главна дејност на фирмата е поправка и изработка на високонапонски трансформатори. Покрај оваа дејност тие вршат и поправка на електрични апарати.
 
Посетата ја водеа лица од фирмата, еден инженер и техничар, кои несебично го делеа своето знаење и време, со цел учениците да излезат задоволни и со желба повторно да се вратат назад.
Посетата започна од главниот погон, во кој работниците ги извршуваат секојдневно своите работни задачи. Во текот на посетата сите се придржувавме кон патеката на движење се со цел истата да биде безбедна. Во текот на посетата луѓето од фирмата ги запознаа најнапред со малку теорија за работата и улогата на трансформаторот, а потоа преминаа и на објснување како се изработуваат нивните составни делови, како и можните дефекти кои се јавуваат.
Исто така, ни го покажаа и испитниот дел кој работи под голем напон, како и кои видови на испитувања се прават кај трансформаторите, како кај ново изразботени така и кај трансформаторите кои биле примени во фирмата како дефектни.
На крајот од посетата ни беше покажано како се врши мотањето на намотките коиристејќи различни техники зависно од примената и големината на струјата на трансформаторот. По поминати 45 минути посета, учениците излегоа збунети од премногуте информации кои ги примија за кратко време, така што не успеаа да постават некое дополнително прашање, а некои од нив самата посета ги натера на размислување да се вратат повторно, дали како ученик или како дел од тимот на “Раде Кончар” –Сервис.
Scroll to Top