Посета на ЈП Национална радиодифузија

Посета на ЈП Национална радиодифузија.
 
На 05.12.2023 наставниците Ана Николовска и Светлана Николовска со група ученици од електротехничка струка, во рамките на предметот Учење преку работа, беа во еднодневна посета на ЈП Национална радиодифузија. Одговорните лица од претпријатието на учениците им ги презентираа уредите и им го објаснија начинот на кој се врши пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други информациски содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа на територијата на Република Македонија. Исто така учениците имаа можност да видат на кој начин се врши надзор, контрола и мерење на квалитетот и покриеноста со радио и телевизиски сигнали , како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици.
Scroll to Top