👉 Како резиме на се што учеа во втора година, 60 ученици заедно со проф. Силвана Ѓорѓов беа на едукативна прошетка низ градот Скопје и во „Музејот на македонската борба за самостојност“.
👉 Учениците повторуваа за Александар Велики и воините од македонската фаланга, за кралевите Пердика Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, Филип V, царевите Гаврило Радомир, Иван Владислав, Кралот Марко и Карпошовото востание, а на крај се поклонија пред спомениците на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум.
👉 Во Музејот учениците се запознаа со комитите, востанијата, револуционерите, партизаните, учесниците на АСНОМ како и со сите личности кои се бореле и ги дале животите за нашата татковина.