На 05.05.2025 нашето училиште потпиша историски договор со VOLVO Group (AB VOLVO) за донација во опрема за опремување на училница во машинската струка. Овој проект го потпомогнаа и го подржаа неколку институции, а тоа се: Град Скопје, HELVETAS, SIDA, Амбасада на Кралство Шведска. Како лидер во полето на стручното образование уште еднаш докажуваме дека сме институција која образованието го качува на повисоко ниво. Овој наш успех е препознаен од сите релевантни институции.
Следејќи ги општествените промени, потребите на пазарот на трудот, зголемената побарувачка на приватниот сектор и развојот на новите технологии, училиштето нуди пофлексибилни и побарувани квалификации и да овозможува генерации на ученици да се стекнат со практично применливи знаења и искуства.
Tековните специјализирани програми во областа на транспортот, машинството и
индустриските технологии ги подготвуваат учениците за значајни кариери во клучните технички области.
