Практично образование
Практично образование
Практичното образование претставува клучен дел од стручното образование и обука. Неговата цел е учениците да стекнат реални вештини и практични искуства кои се неопходни за нивниот иден професионален развој и успешно вработување.
Во согласност со предвиденото во наставните планови за конкретни квалификации, во училиштето се планираат, организираат и се реализираат следните видови практично образование:
- Практична настава во училиште со цел стекнување основни вештини во кабинет-работилница;
- Учење преку работакај работодавачкое се реализира во соработка со партнер- компанија во текот на наставната година;
- Феријална практика, со цел дополнително продлабочување на практичните знаењаво текот на летниот период.
Преку реализацијата на практичното образование учениците имаат можност да работат во реална работна средина вклучувајќи се во реални работни процеси, да се запознаат со современи технологии, стандарди и методи на работа, да ги развијат нивните технички, професионални и комуникациски компетенции и успешно да се подготват за пазарот на трудот.
Соработка со компании
Нашето училиште активно соработува со голем број на компании и организации од електротехничкиот, машинскиот и сообраќајниот сектор. Со сите партнер-компании е потпишан Меморандум за соработка, со кој се уредуваат правата, обврските и условите за реализација на практичното образование.
Листа на компании со кои нашето училиште има потпишано меморандум е даден на следнио линк
Училиштето континуирано работи на проширување на листата на компании со кои соработува, со цел да обезбеди повеќе можности за практична обука и развој на учениците.
Со заеднички напори, ние како училиште и парнер-компаниите вложуваме во создавање стручен и конкурентен кадар подготвен за современиот пазар на труд.
Јавно ги покануваме и останатите компании од соодветните сектори да станат дел од нашата мрежа на партнери и да придонесат за развојот на нашите идни професионалци.
Одговорни лица за успешно планирање, реализација, следење и поддршка на практичната обука, кои стојат на располагање за сите информации се:
- Координатор за практично образование за електротехничка струка:
Светлана Николовска (e-mail: svetlana_nikolovska@yahoo.com)
- Координатор за практично образование за машинска и сообраќајна струка:
Бобан Алексовски (e-mail: bobanmkd2003@yahoo.com)
