С О О П Ш Т Е Н И Е
Повик за интерес за мобилност на ученици за Ерасмус + проект со наслов
„Одржлив развој на вештини за учење преку работа на Европски начин“,
“Sustainable development of work based learning skills
In European manner” KA122-VET
На сите ученици од II, III, IV година во СУГС “Владо Тасевски”-Скопје, им се
соопштува, дека нашето училиште ќе реализира мобилност на ученици во
второто полугодие за учебната 2025/2026 година во Севиља Шпанија. Проектот
е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност на Република Северна Македонија Erasmus+.
Во рамките на овој проект заинтересираните ученици до 13 Ноември, четврток,
да достават во писмена форма свое CV и мотивациско писмо, кај наставниците
Цветанка Ристиќ, Јасна Домазетовска или Соња Павлов. Потоа учениците ќе
бидат повикани на тестирање за познавање на Англиски јазик и интервју за
учење преку работа. За овие активности учениците ќе бидат дополнително
известени.
