Учење преку работа во Македонска Пошта

Реализираме учење преку работа!

🛤️🚦Нашите ученици од сообраќајна струка, образовен профил Техничар за транспорт и шпедиција од трета година, од почетокот на учебната година заедно со предметниот наставник Зоран Ѓорѓиевски реализираат учење преку работа во Македонска Пошта-Пошта 2., Компанијата ТОЗ МК Д.О.О.Е.Л бренд препознатлив во областа на училишен и канцеларски прибор и материјал, како и во Друштвото за шпедиција, транспорт и складирање КРИСТИНА КОМПАНИ 2011 ДООЕЛ увоз извоз Скопје.

Во рамките на наставата во Македонска Пошта учениците се запознаваат и ги совладуваат начините на функционирање на поштенскиот сообраќај во Македонија и надвор од неа, организирањето на поштенските услуги кои вклучуваат прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај, испорака на поштенски пратки, како и услугите кои ги нудат на граѓаните.

 

Во компанијата ТОЗ МК Д.О.О.Е.Л учениците имаат можност да се запознаат со начинот на прием, сместување и евидентирање на училишен и канцеларски прибор и материјал во нивните складишни простори, водењето на складишна документација и комерцијалните активности во поглед на порачување и деловна соработка со други коминтенти.

Во Друштвото за шпедиција, транспорт и складирање КРИСТИНА КОМПАНИ 2011 ДООЕЛ увоз извоз Скопје, учениците имаат можност да се запознаат со шпедитерската дејност која ја вршат, логистичките услуги кои ги нудат на своите клиенти од патниот внатрешен и меѓународен транспорт, контејнерскиот транспорт, поморскиот транспорт, како и организирањето на складишни услуги и карго превоз низ Македонија.

✅ Им изразуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка и соработка со нашето училиште, која се надеваме ќе продолжи и во иднина.

Scroll to Top