На 28.2.2025 година, во нашето училиште СУГС „Владо Тасевски“ Центарот за стручно образование и обука реализираше настан со цел вмрежување на училишта и научни и јавни институции и организации за практично образование за животна средина и климатски промени за ученици од средно стручно образование. Во рамките на настанот беа презентирани и Наставните програми за содржини програмирани од училиштето изработени во рамките на активностите врзани за поддршка на зелената ревизија.
Настанот се реализираше со поддршка од страна на UNICEF МК и Групацијата Нелт. СУГС „Владо Тасевски“ е секогаш учесник во сите движечки политики и стратегии во стручното образование.
