Нашиот другар Огнен Бабунски како државен победник во Microsoft Office Specialist во категорија Excel гордо ја претставувашеМакедонија на Интернационалниот Microsoft MOS натпревар кој се одржа од 28 јули до 31 јули во Анахајм, Калифорнија, САД.
Постигнатиот максимален резултат на националниот натпревар, го поттикна и му овозможи да го оствари својот сон да патува во САД на најголемиот натпревар за дигитална писменост и да ги одмери своете знаења и вештини во конкуренција со над 130 учесници од над 80 земји.
Со спектакуларна церемонија, заврши претставувањето на сите учесници и прогласувањето на победниците на светските MOS и ACP натпревари.