Директор и управни органи

За директор

  Добре Михајлов е роден на 18 септември 1985 година.

 

Управни органи

Директор

  Директорот како раководен орган на училиштето одговорен е за законитоста во работењето во него, се грижи за положбата на вработените, ја организира и раководи воспитно-образовната работа, носи самостојни одлуки и го застапува училиштето пред други лица или институции. Тој има важна улога во креирањето на воспитно-образовните задачи и развојната политика на училиштето. Ги има следниве права, должности и обврски:

  • ја предлага Годишната програма за работа на училиштето и презема мерки за нејзино спроведување
  • ги извршува одлуките на Училишниот одбор
  • врши избор на наставници, стручни соработници и одлучува за нивно распоредување
  • врши оценување на резултатите од работата на наставниците, стручните соработници и работниците
  • одлучува за престанок на работниот однос на вработените
  • поднесува извештај за успехот и постигнатите резултати во воспитно-образовната работа до Град Скопје и БРО
  • поднесува извештај за реализација на Годишната програма до МОН
  • поднесува извештај за материјалното работење на училиштето до Училишниот одбор.

  Во програмата за работа на Директорот содржани се главните подрачја во кои се реализира неговата работа. Тие се:

  • педагошко-инструктивна работа
  • административно-организаторска работа
  • аналитичко-истражувачка работа
  • финансиско работење
  • соработка и застапување на училиштето
  • педагошка документација и администрација
  • работа со Училишната заедница.

  Директор во учебната 2024/2025 година е Добре Михајлов

Помошници - директори и раководител на настава

  Во Годишната програма за работа на училиштето, помошниците-директори и раководителот на настава во албанските паралелки учествуваат во реализацијата на истата на следниов начин:

  • му помагаат на Директорот во раководењето со училиштето
  • учествуваат во реализацијата на организациската структура во наставата и даваат предлози за нејзино подобрување
  • учествуваат во работата на Наставничкиот совет и сите други органи во училиштето
  • ја следат работата на наставниците и другите вработени
  • градат атмосфера на колективност, доверба и почитување
  • даваат предлог-мерки за отстранување на одредени недостатоци, подобрување на работната дисциплина, стимулирање на квалитетот и сл.
  • водат кратки записници за увид на Директорот
  • учествуваат во изработката на Годишната програма за работа на училиштето
  • учествуваат во изработката на Годишниот извештај за работата на училиштето
  • соработуваат со класните раководители
  • одржуваат настава по својот предмет со половина работно време.

  Помошници-директори во учебната 2024/2025 година се Дејан Крстевски и Соња Павлова

Административна служба

  • Секретар Светлана Анева
  • Благајник – архивар Лидија Атанасовска

Совет на родители

  Советот на родители е конституиран на 19.12.1995 година. Него го сочинуваат претставници на родителите кои не се вработени во училиштето. Советот на родители ја следи воспитно-образовната работа и дава мислење за нејзиното остварување според соодветна програма за работа. Бројот на членовите, нивниот начин на избор, нивната работа и целокупната организација се утврдени со Статутот на училиштето. 

Стручни органи и тела

  • Наставнички совет
  • Совет на година
  • Совет на паралелка
  • Стручни соработници
  • Стручни активи
  • Раководител на паралелка
  • Комисии
Scroll to Top