Куќен ред и кодекс

Училишни правила, куќен ред - Слика
  • Учениците доаѓаат во училиште во 7,15 часот (за прва смена) и во 13,15 часот (за втора смена);
  • Наставата за прва смена започнува во 7,30 часот и завршува до 13,15 часот, а за втора смена започнува во 13,30 часот и завршува до 19,15 часот. Главниот влез се затвара во 7,35, односно 13,35 часот;
  • Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на час, да евидентира во дневникот дека задоцнил. Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот;
  • За време на одржување на наставата учениците не смеат да се движат и да се задржуваат по ходниците, освен во времето определено за одмор, за да не се наруши работната атмосфера.
  • Учениците не смеат во училиштето да внесуваат предмети и материјали кои не се дел од училишниот прибор, особено доколку со нив може да се загрози безбедноста на учениците и на вработените, ниту пак да го кршат, уништуваат и изнесуваат од училиште училишниот инвентар и сл.
  • Додека трае наставата во училиштето, во двете смени има дежурни ученици чија што задача е да ги идентификуваат сите родители и посетители што доаѓаат во училиштето во книга што е отворена за таа намена и да ги упатат до лицето кај кое се дојдени.
  • Во училиштето во двете смени има по тројца дежурни наставници, чиешто дежурство започнува во 7,00 часот (за прва смена) и трае до 13,00 часот, односно започнува во 13,00 часот (за втора смена) и завршува во 19,10 часот.
  • За време на наставата часот трае 45 минути, а во двете смени има два одмора – еден од 20 и еден од 10 минути
  • Училишната библиотека работи секој работен ден од 9 до 16 часот.
  • Педагошката служба во училиштето работи од 7,00 часот до завршувањето на наставата во втората смена.
  • Административната служба во училиштето работи од 7,00 до 15,00 часот.
  • Во неработни денови и празници просториите во училиштето се затворени и не се примаат странки и надворешни лица.
  • Се забранува користењето мобилни телефони за време на наставата.
  • Во просториите во училиштето не е дозволено пушење, како и носење и конзумирање на алкохол.
  • Сите наставници и ученици носат обележје за припадност на училиштето.
  • Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава;
  • Ученикот е должен да се грижи за училишниот простор и имот;
  • Ученикот е должен да се грижи  за хигиената во  училиштето и блиската околина;
  • Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
  • Во училиштето учениците треба да доаѓаат уредни.
  • На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
  • Да се труди да ги извршува  училишните обврски;
  • Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
  • Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
  • Да  соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во  училиштето;
  • Да покаже почитување и толеранција  кон другарите и наставниците;
  • Да помага на помалку успешните ученици;
  • Ученикот не смее  самоволно и без вистинска причина да го напушти  часот;
  • Ученици, избегнувајте  недолично однесување;
  • Учениците не смеат да користат мобилни телефони за времe на часовите;
  • Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари во училиште, а доколку им се загубат одговорноста е нивна;
  • На часовите не е дозволено да се џвакаат мастики, како и истите да се лепат на клупите и столчињата;
  • Отпоздрави го наставникот кога ќе влезе во училница;
  • За време на часот не  излегувај  во тоалет;
  • Престојувај во училишниот двор за време на големиот одмор;
  • Не викај по ходниците, не трчај, придржувај се кон правилата на однесување;
  • Не приговарај на опомените на дежурните наставници и ученици;
  • Ако во дворот видиш отпад фрли го во корпа за отпадоци;
  • Штом го слушнеш ѕвончето веднаш влези во училницата;
  • Не ги навредувај и не се однесувај насилно кон помалите и послабите ученици;
  • Пристојно и трпеливо чекај пред училница пред започнувањето на часот;
  • Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето;
  • Дежурството го изведуваат двајца ученици;
  • Дежурниот ученик се оддалечува од работните места само ако добијат задача од наставник, стручната служба или директорот;
  • Дежурниот ученик не смее да собира други ученици на местата за дежурање, ниту пак самите дежурни да се групираат заради дружење;
  • Дежурниот ученик мора да отиде на час доколку прави писмена работа, тест или треба да одговара по некој предмет, но претходно да се јави кај организаторот на настава;
  • Доколку насети опасност или поголемо нарушување на дисциплината во ходниците, дежурниот ученик мора веднаш да го информира било кој вработен во училиштето што му е најблиску;
  • Дежурниот ученик повремено  да се движи низ ходниците и да врши проверка;
  • Да го следи и евидентира влегувањето и излегувањето на лица кои не се вработени  во училиштето;
  • Да ги евидентира учениците кои постојано се движат низ училиштето за време на часовите;
  • Да се грижи за редот и дисциплината за време на часовите и одморите;
  • Дежурниот ученик ги отклучува и заклучува вратите и не прави отстапки за никого;
  • Кога наставникот зборува не го прекинувај;
  • Обраќај им се со ВИЕ на возрасните;
  • Користи молам, благодарам, повели, извини во секојдневната комуникација;
  • Поздравувај со добро утро, добар ден и до видување;
  • Не користи вулгарни зборови кога комуницираш;
  • Почитувај ги правилата кои сте ги договориле со наставникот;
  • Не носи предмети со кои би можеле да повредите други ученици;
  • Покажи толеранција кон соучениците во комуникацијата;
  • Искажи го секое незадоволство со одбрани и пристојни зборови;
  • Биди самокритичен па потоа критикувај;
  • Чувај ги своите предмети и не посегнувај по туѓите;
  • Не ги потценувај способностите на своите соученици;
  • Повозрасните ученици да се однесуваат коректно кон помалите;
  • Сослушај го внимателно и почитувај го мислењето на другиот;
  • Почитувај ги различните од тебе;
  • Истакни ги позитивните особини кај себе  со постапки, а не со зборови;
  • Ако не се однесуваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин ПРИСТОЈНО;
  • Учтивоста е особина која ја краси твојата личност, затоа однесувај се учтиво во секоја прилика;
  • Ученикот задолжително да ја носи ученичката униформа во училиштето;
  • Со своето примерно однесување ќе покажe почит и кон своите родители;
  • Биди искрен со своите родители, дури и да згрешиш, тие ќе имаат разбирање за твоите постапки;
  • Редовно информирај ги родителите за случувањата во училиштето;
  • Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот.
  • Најстрого се забранува внесување на алкохол, цигари и дрога како и нивно користење во просториите на училиштето;
  • Ученикот ќе ја надомести секоја направена штета во училиштето и покрај тоа за него ќе се примени педагошка, дисциплинска мерка. Доколку сторителот не се открие, штетата ќе ја надоместат сите ученици во паралелката;
  • На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија без дозвола на наставник;
  • Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училницата, училиштето и надвор од него;
  • По завршувањето на последниот час учениците излегуваат од училница во присуство на наставникот кој излегува по нив заедно со дежурните ученици, со претходен увид на состојбата на инвентарот и ѕидовите на училницата;
  • Навремено известување за настанатите промени (адреса, телефон, боледување, изостанување од настава и слични промени);
  • Професорот треба да се грижи за целиот училиштен простор и имот, посебно за кабинетот и училницата во кои држи настава;
  • Професорот треба секогаш да се залага за афирмација на својот предмет;
  • Професорот треба да го почитува времетраењето на часот;
  • Професорот да ги евидентира отсутните ученици на почеток на часот и тоа да го прави редовно;
  • Професорот секогаш и секаде внимава на својот говор, тој треба да е литературен, јасен и достапен;
  • Професорот треба секогаш да е пример со својот изглед и своето однесување;
  • Професорот не смее да се изложува во јавноста под дејство на алкохол и дрога;
  • Секој професор треба професионално да се усовршува преку следење на литература, посета на семинари, курсеви и користење на современа технологија;
  • Професорот е должен да ја почитува личноста на секој ученик;
  • Професорот е должен професионално да се однесува за време на часот;
  • Професорот е должен реално да го оценува знаењето на ученикот без оглед на другите негови оценки;
  • Професорот треба да го пофалува секој напредок на ученикот;
  • Професорот треба да настојува ученикот навреме и квалитетно да ги извршува своите задачи;
  • Професорот не смее да го казнува ученикот телесно и да го малтретира психички;
  • Професорот е должен редовно да им помага на учениците, преку разни форми на активност;
  • Секој професор треба да настојува  учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
  • Професорот треба редовно и навреме да го повикува и известува родителот за постигнувањата, однесувањето и проблемите на неговото дете;
  • Професорот треба да го упатува родителот на помош од компетентни лица, во ситуации кога за тоа има потреба;
  • Професорот треба да го почитува секој свој колега, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата;
  • Професорот треба да се ангажира во работата на стручниот актив на кој припаѓа;
  • Професорот треба редовно да присуствува во работата на класниот и наставничкиот совет во училиштето;
  • Професорот е должен да ги почитува одлуките од класниот и наставничкиот совет;
  • Професорот треба да е креатор на пријатна работна атмосфера и позитивна емоционална клима во  својата училница;
  • Професорот треба да гради односи на меѓусебно разбирање, соработка, почитување со учениците и другите вработени
Scroll to Top