За нас

СУГС „Владо Тасевски“
- Скопје

Нашата приказна започна во далечната 1959 година, кога Работничкиот совет на Железничко-транспортното претпријатие Скопје, во согласност со Уредбата за центрите за стручно образование на работници, објавена во Службен лист на ФНРЈ бр.30, на 29.5.1959 година, ја донесе Одлуката за формирање Центар на железничарите за стручно образование на младинци и возрасни. 

Воспитанието и образованието се темелите на една држава и ако тие не се цврсто поставени, тешко на таа куќа наречена општество. Како наставници и воспитувачи се гордееме со низата генерации кои минале низ нашите училници, ходници, двор.

Просториите на СУГС „ Владо Тасевски“ се исполнети со младост, убавина, љубов, смеа, палавост и со помалку или повеќе учење.

Наставните средства се значаен фактор за успешно реализирање на воспитно‐образовните цели и задачи. Опременоста со наставни средства, помагала и материјали придонесува за зголемување на активноста на учениците, подигнување на нивото и квалитетот на наставата и реализирање на програмските барања, а со тоа и за постигнување на подобри резултати.

Училиштето располага со неопходната опрема за изведување теоретска и практична настава.

Целата опрема на училиштето е во функција на наставниот процес, со што е воспоставена поврзаност меѓу теоретската и практичната настава. Опременоста на училиштето и пристапот до Интернет овозможуваат да се реализираат квалитетни проектни активности во сите струки.

Училиштето ќе продолжи да вложува во осовременување на наставата и збогатување со нагледни наставни средства и помагала.

Директор Александар Сибиновски - Слика
Замислете училиште со 30 интерактивни табли!
Училиште со 4 компјутерски лабoратории или вкупно 60 најсофистицирани компјутери! Всушност, не мора да замислувате, нашето училиште е таков пример на училиште
- Александар Сибиновски - Директор
СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје

Нашата Мисија

  Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје е современа образовна институција која образува кадри за потребите на пазарот на трудот, преку реализирање на современи и флексибилни наставни планови и програми. Наставата ја реализираат стручни и професионално компетентни наставници и стручни соработници, кои континуирано стручно се усовршуваат. Наставниците во наставата применуваат современа образовна и информациска технологија со методи на активно учење. Преку заемно почитување, доверба и еднакви можности за сите ги поттикнуваат учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите кои се неопходни во секојдневниот живот. Училиштето ги негува воспоставените партнерства со стопанските субјекти и настојува да воспостави нови, со оние за кои подготвува кадри. Училиштето ја зајакнува автономијата, насочувајќи го образовниот процес кон учење и стекнување квалитетни знаења.

Нашата Визија

  Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје има за цел да израсне во ефикасно, ефективно, модерно и меѓуетничко интегрирано училиште, во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот на вниманието. Во наставниот процес да учествуваат наставници мотиватори, со големи комуникациски способности. Наставата да се реализира преку проекти, во модерни, компјутерски и комуникациски опремени кабинети. Да израснеме во училиште што ги задоволува стандардите на современиот пазар на трудот и критериумите за влез и успех на повисоките степени на образование. Да ја промовираме и реализираме идејата за доживотно учење. Со заеднички сили и тимска работа, професионалност и одговорност, да дадеме се од себе визијата да стане реалност.
Scroll to Top