Ново, подобрено училиште!

  Данела Арсовска: „Во СУГС „Владо Тасевски“ денес на првиот ден на новата училишна година им посакавме добредојде на 225 новозапишани ученици во прва година. Ова наше скопско средно училиште секоја година ги подобрува условите во кои учат нашите млади, за да се изградат во личности со квалитетно стручно образование. Годинава училиштето ги отвори своите врати по завршување на целосна реконструкција на внатрешноста, со што значително се подобрени условите за престој и настава на учениците, како и за работа на наставниот кадар.“
Scroll to Top