СУГС „Владо Тасевски“
Драги ученици, родители и соработници,
Среќна Нова 2025 Година!
Со благодарност за сè што постигнавме заедно во изминатата година, од срце ви посакуваме 2025-та да биде година на здравје, успех и благосостојба за сите. Нека новата година донесе нови можности, мотивација и инспирација за уште поголеми достигнувања.
На нашите ученици им посакуваме да ги следат своите соништа и да ја исполнат секоја задача со посветеност и љубов. На нашите родители им благодариме за довербата и поддршката, а на нашите соработници им посакуваме продолжување на плодната соработка.
Нека оваа година биде исполнета со радост, нови предизвици и успех за сите нас како големо училишно семејство.
Со најдобри желби,
СУГС „Владо Тасевски“
