Голем успех за нашето училиште на 43. Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта на Република Македонија, одржани на 8 и 9 мај во Кавадарци!
1-во место – Томас Арсовски
Насока: техничар за производно машинство
Ментор: Елена Лентиќ
1-во место – Лука Андов
Насока: техничар за транспорт и шпедиција
Ментор: Јасмина Илиоска
Горди сме на успехот, трудот и посветеноста на нашите ученици и ментори кои достојно го претставија училиштето!