За нас
Нашата приказна започна во далечната 1959 година, кога Работничкиот совет на Железничко-транспортното претпријатие Скопје, во согласност со Уредбата за центрите за стручно образование на работници, објавена во Службен лист на ФНРЈ бр.30, на 29.5.1959 година, ја донесе Одлуката за формирање Центар на железничарите за стручно образование на младинци и возрасни. Воспитанието и образованието се темелите на една држава и ако тие не се цврсто поставени, тешко на таа куќа наречена општество. Како наставници и воспитувачи се гордееме со низата генерации кои минале низ нашите училници, ходници, двор.
Новости
Нашето училиште потпиша историски договор со VOLVO Group
На 05.05.2025 нашето училиште потпиша историски договор со VOLVO Group (AB VOLVO) за донација
Среќен Прв Мај – Денот на трудот!
Среќен Прв Мај – Денот на трудот!Нека овој празник биде потсетник на вредноста
Борјан Коларовски освои 2 место во пинг-понг!
Нов ден нова „жетва“ во Кавадарци. Борјан Коларовски освои 2 место во пинг-понг
Видете повеќе објави на: Вонредни ученици, Активности
Статистика
Просториите на СУГС „Владо Тасевски“ се исполнети со младост, убавина, љубов, смеа, палавост и со помалку или повеќе учење.
- Ученици од СУГС „Владо Тасевски“
Струки
Нашето училиште нуди голем избор на струки, и тие се следните:

Сообраќајна струка
Можете да одберете од:
Техничар за транспорт и шпедиција и
Техничар за железнички сообраќај

Електротехничка струка
Може да одберете од:
Електротехничар за електроника и телекомуникации, Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Машинска струка
Можете да одберете од:
Машинско-енергетски техничар, Техничар за производно машинство, Инсталатер за греење и климатизација










