Со големо задоволство ги објавуваме конечните резултати од уписите во нашето училиште. Во првиот уписен рок успешно се пријавија 248 ученици.
Овој број претставува потврда за довербата што учениците и родителите ја имаат во квалитетот на наставата, стручноста на наставниот кадар и можностите што ги нуди нашето училиште.
Им посакуваме добредојде на сите идни средношколци и многу успех во нивното понатамошно образование!
Во продолжение се објавени конечните резултати од уписите.
Техничар за железнички сообраќај/ техничар за влеча машиновозач
Компјутерска техника и автоматика
Електротехничар за електроника и телекомуникации
Техничар за производно машинство
Техничар за компјутерско управување
За слободни места и услови за запишување во второто пријавување погледнете на конкурсот
