Предавање за последиците и опасностите од петардите

Во изминатите неколку денови Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија ја реализира кампањата против употреба на пиротехнички средства наменета за адолесценти. Ни претставува голема чест и посебно задоволство да бидеме нивни домаќини и денес имаа едукативно предавање кое внимателно го слушаа учениците од 1 година. Само на овој начин ЗАЕДНО можеме да влијаеме на намалувањето на употребата на петардите. Само ЗАЕДНО можеме да делуваме и да се разбудеме во еден поубав свет. Да ги дочекаме новогодишните и божиќните празници со честитка, а не со петарда!

Scroll to Top