Тимот Екоскутер со својот проект „Соларен полнач на електрични тротинети“, беа победници на UPSHIFT натпреварот.
Тимот „Екоскутер“ го сочинуваат учениците:
• Матеј Илијоски
• Кристијан Груевски
• Марко Дојчиновски
• Никола Петрушевски
• Ален Стојчевски
Проектот претставува иновативно и еколошко решение кое има за цел користење на соларната енергија за полнење на електрични тротинети, со што се промовира употребата на обновливи извори на енергија и одржливи форми на транспорт.
Тимот беше менториран од професорката м-р Весна Живањевиќ, додека реализацијата на проектот беше под водство на професорот Дејан Антоновски.
Успехот на тимот „Екоскутер“ претставува одличен пример за креативноста, иновативноста и ангажираноста на нашите ученици во создавањето одржливи решенија за иднината.
