Јавен оглас за ученички правобранител

ОТВОРЕН ПОВИК  ЗА ИЗБОР УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ

СУГС„Владо Тасевски“- Скопје објавува повик за избор на ученички правобранител.

Ученичкиот правобранител е ученик кој ќе ги застапува правата и интересите на учениците, кој ќе има обврска да ги промовира правата на учениците, да посредува во решавањето на недоразбирања и придонесува за создавање позитивна и правична училишна клима, да препознава повреда на ученичките права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

I. ПРАВО НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Право на пријавување имаат сите ученици од II и III  година кои ги исполнуваат следните услови:

1.           имаат успешно завршена претходна учебна година;

2.           имаат примерно поведение во претходните две години;

3.           поседуваат високи етички стандарди и позитивен воспитен пример;

4.           покажуваат развиени комуникациски, медијаторски и лидерски вештини;

5.           се активни во училишни или ученички активности (по можност членство во Ученичкиот совет);

6.           имаат способност за одговорно, објективно и доверливо работење.

II. НАЧИН, ПОСТАПКА И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните ученици треба да поднесат комплетна пријава која содржи:

1.           Пријавен формулар (се зема од стручна служба или од Ученичкиот совет);

2.           Кратка биографија (име, образовен профил, клас, постигнувања);

3.           Мотивациско писмо (од 1 до 1.5 страница), во кое кандидатот ќе објасни:

– зошто сака да биде ученички правобранител,

– кои способности ги поседува,

– идеи за подобрување на ученичките права;

4.           Програма или краток план за работа (3–5 цели за учебната година);

5.           Изјава за доброволно прифаќање на функцијата;

6.           (по потреба) Препорака од класен раководител или стручната служба.

Рок за пријавување: од 10. 12.2026 до  17.12.2025 година.

Пријавите се доставуваат во просториите на стручната служба.

Scroll to Top