Хуманитарен базар по повод 100 години ЗОО Скопје

На 25 и 26 септември, од 12:00 до 15:00 часот, во Зоолошката градина Скопје ќе се одржи хуманитарен базар по повод 100 години ЗОО Скопје.
Со особено задоволство ќе учествува и СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, со штанд на кој ќе бидат претставени креативни изработки од нашите ученици, создадени со многу труд и љубов, под менторство на нашите наставници. ❤️
Средствата собрани од базарот ќе бидат донирани за Зоолошката градина Скопје, како наш придонес кон нејзиното разубавување и подобрување. 🐘🦁🦒
Ве покануваме да нè посетите, да ги поддржите нашите ученици и заедно да направиме едно убаво дело. ❤️
СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
Со срце за ЗОО Скопје! 💚

Scroll to Top